Дома Фудбал Останато Раиола едноставно ги ограби Јувентус и Манчестер Јунајтед

Раиола едноставно ги ограби Јувентус и Манчестер Јунајтед

raiola

Трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед во 2016. година вреден 105 милиони евра најмногу му се исплатеше на агентот Мино Раиола.

Раиола со години е агент на големи имиња во светскиот фудбал, а неговиот џеб благодарение на големите трансфери веќе одамна е наполнет до врв. Само на трансферот на Погба од Јувентус во Јунајтед овој менаџер заработил неверојатни 49 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Football Leaks“ откри дека Манчестер Јунајтед му платил на Раиола неверојатни 22 милиони евра провизија за да го заврши трансферот, а Јувентус додаде 27 милиони евра. Овие исплати на сметката на Раиола ги прекрши правилата на ФИФА и Фудбалската асоцијација на Англија (ФА). Агентот на Погба едноставно успеал на легален начин да ги ограби двата тима и да заработи огромни пари, иако беше во судир на интереси.

ФИФА најави истрага за овој случај и многу лесно на крајот би можело да дојде до санкција, како за Раиола така и за клубовите кои испаднаа навистина наивни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…