Дома Фудбал Италија Раиола: Донарума остана во Милан само поради заканите од навивачите

Раиола: Донарума остана во Милан само поради заканите од навивачите

Мино Раиола е еден од најконтроверзните фудбалски менаџери и соработува со голем број фудбалери.

Раиола застапува некои од најдобрите фудбалери во светот и поради тоа клубовите се принудени да соработуваат со него иако не го сакаат многу. Тој е познат по тоа што при трансферите на неговите играчи бара голема провизија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Помеѓу оние кои ги застапува Раиола е и голманот на Милан Џанлуиџи Донарума.

Токму Донарума беше главна тема во неговото интервју за италијанските медиуми. Веќе некое време се шпекулира дека младиот голман ќе го напушти Милан. Донарума неколку пати беше на излезни врати од Милан поради што имаше проблем и со навивачите.

Раиола сега потврди дека Донарума во еден период договорил се и Милан прифатил да го продаде, но на крајот останал поради навивачите.

„Тогаш се договоривме со еден клуб и Милан сакаше да го продаде. Но, тогаш се вмешаа навивачите и започнаа да му се закануваат на Донарума дека ќе има проблеми дури и кога ќе брани за репрезентацијата. Таквите закони малку го потресоа и на крајот одлучи да остане на „Сан Сиро“. Навивачите ми се закануваа и мене, но јас сум навикнат на такви работи“, изјави Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…