Поранешниот светски шампион во Формула 1 Кими Раиконен прерасна во една од легендите на овој спорт, а во недела во Абу Даби ќе го вози своето последно гран-при во кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во овој момент Раиконен вози за Алфа Ромео, кариерата во Ф1 ја започна пред 20 години како дел од Заубер Петронас, а само по една година премина во Мекларен Мерцедес и помина пет сезони, по што следуваше преселба во Ферари каде што во 2007 година ја освои првата шампионска титула.




„Не знам како ќе се чувствувам кога недела ќе поминам низ целта. Мојата сопруга можеби ќе биде повеќе емотивна. Во овој момент не размислувам за иднината и што ќе правам понатаму“, изјави Раиконен.