Дома Останати Разочарување: Кабиб откри дека УФЦ бара нов противник за Фергусон

Разочарување: Кабиб откри дека УФЦ бара нов противник за Фергусон

Кабиб Нурмагомедов преку својот Инстаграм профил каде што се вклучи во живо откри дека УФЦ бара нов противник за Тони Фергусон.

Неодамна Кабиб се врати во Русија од САД со еден од последните летови пред да бидат укинати, а потоа откри дека нема никакви информации за борбата против Фергусон која е планирана за 18. април.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Колку што знам јас УФЦ бара нов противник за Тони Фергусон. Тоа е така затоа што јас сум во Русија од каде што немам право да летам, а Тони е во САД. Ние го напуштивме САД бидејќи УФЦ ни кажа дека 99% борбата ќе се одржи во Абу Даби“, откри Кабиб, а неговите зборови ги пренсоа руските новинари.

Се претпоставуваше дека би можело да дојде од ова сценарио бидејќи руската Влада ги укина летовите, но се веруваше дека Владимир Путин поради добрите односи може да му излезе во пресрет, меѓутоа сега е извесно дека тоа нема да се случи.

Очигледно ништо и од петтиот обид да се судрат Кабиб и Фергусон. Се шпекулира дека на Фергусон сега му е понудена борба против Џастин Гатје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…