Иднината на Работнички е во младите и талентирани фудбалери од сопствената школа. Основниот темел на клубот и понатаму останува црпење на кадри од фудбалската академија, а оваа зима клубот промовира уште еден голем талент.




Теодор Николовски потпиша професионален договор со Работнички. Тој веќе подолг период тренира со сениорскиот тим и се стекнува со неопходното искуство, а истовремено игра натпревари со своите врсници во генерацијата.




Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
„Теодор Николовски е еден од најталентираните млади фудбалери во академијата на Работнички и клубот одлучи да му понуди професионален договор. Веруваме дека тој ќе го развие својот талент затоа што има предиспозиции и за голема меѓународна кариера“, вели спорскиот директор Горан Станковски.