Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички потпиша професионален договор со Мартин Мисердовски

Работнички потпиша професионален договор со Мартин Мисердовски

Работнички мисли на својата фудбалска иднина и секогаш вложува во сопствениот кадар од младинската академија. Најнов бисер од школата на клубот е Мартин Мисердовски кој потпиша професионален договор со Работнички.

„Работнички цврсто чекори по својот пат, да инвестира во сопствените млади таленти и да им нуди можност за промоција и просперитет. Потпишавме професионален договор со Мартин Мисердовски, кој веруваме дека ќе израсне во нов квалитетен фудбалер и во иднина не само што ќе го носи дресот на Работнички, туку и ќе изгради интернационална кариера“, вели спортскиот директор на клубот, Горан Станковски.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Мартин Мисердовски и вториот дел од оваа сезона ќе го одигра како позајмен играч во второлигашот Каменица Саса, а потоа треба да се врати во сениорскиот погон на Работнички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…