Сагата со Килијан Мбапе најверојатно продолжи на суд. ПСЖ планира да ги тужи фудбалерот и Реал Мадрид, бидејќи се сомневаат дека „кралскиот“ клуб го врбува младиот Французин.
Повеќе медиуми објавија дека Мбале веќе има преддоговор со „кралскиот“ клуб, но од следното лето, кога тој ќе стане слободен играч.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На овој начин, Мбапе ќе му заштеди на Реал најмалку 250.000.000 евра, што значи дека тој ќе може да преговара за поголем бонус за потпис на договорот и за поголема плата.
ПСЖ сака да го избегне таквото сцеарио, но е немоќен бидејќи е ставен пред „свршен чин“, е подготвен да ги искористи сите правни средства за да се избори со дрскоста на Мбапе и Реал Мадрид.
ФИФА дозволува потпишување на преддоговор само кога фудбалерот ќе влезе во последните шест месеци од договорот. Медиумите во Франција тврдат дека ПСЖ проверува дали има правна основа да го тужи Мбапе, но тешко дека ќе успее да докаже дека има договор меѓу играчот и клубот.