Дома Фудбал Останато ПСЖ со генијален план за кратење на платите: Колку повеќе заработуваш, толку повеќе дадеш!

ПСЖ со генијален план за кратење на платите: Колку повеќе заработуваш, толку повеќе дадеш!

Францускиот шампион ПСЖ исто така одлучи да ги намали платите на фудбалерите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Раководството на тимот на ПСЖ се одлучи на интересен потег, па така на играчите кои заработуваат повеќе од другите им ја намали платата за 50%. Така Нејмар кој заработува скоро три милиони евра месечно остана без 50% од примањата, како и Мбапе и Кавани, но и повеќето играчи на клубот од Париз.

ПСЖ овој план го претстави на раководството на Лига 1 и тие се спремни да го прифатат, а вака ќе изгледаат процентите на одземање на платите:

50% за играчите кои заработуваат повеќе од 100.000 евра месечно

40% за играчите кои заработуваат помеѓу 50.000 и 100.000 евра месечно

30% за играчите кои заработуваат помеѓу 20.000 и 50.000 евра месечно

20% за играчите кои заработуваат помеѓу 10.000 и 20.000 евра месечно.

Ониек ои имаат плата под 10.000 евра се сигурни и нема да останат без примања од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …