Дома Топ вести ПСЖ се насочува кон Влаховиќ

ПСЖ се насочува кон Влаховиќ

Иднината на Душан Влаховиќ е главна тема бидејќи Јувентус е спремен да го продаде, а интерес за Србинот покажуваат многу европски гиганти.

Сега во трката за неговиот потпис се приклучи и ПСЖ, кој сака да донесе нова ѕвезда во нападот со оглед на фактот дека иднината на Мбапе е неизвесна.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Фабрицио Романо пренесува дека челниците на ПСЖ стапиле во контакт со Јувентус за да дознаат кои се нивните барања и условите напаѓачот да се пресели во Париз.

Јувентус за неговата слобода бара најмалку 85 милиони евра, сума која не би требало да биде проблем за ПСЖ.

Интерес за Србинот покажуваат уште Челзи и Баерн Минхен, па мали се шансите тој да остане во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…