Дома Фудбал ПСЖ доби тешка ждрепка во Лигата на шампионите. Погледнете ја реакцијата на клупскиот шеф

ПСЖ доби тешка ждрепка во Лигата на шампионите. Погледнете ја реакцијата на клупскиот шеф

Оваа сезона ќе ги гледаме клупските натпреварувања на УЕФА во нов формат, вклучувајќи го и најелитното, Лигата на шампионите.

Групите заминаа во историјата, а во новиот формат на Лигата на шампионите четири натпревари ќе се играат дома и четири на гости, но сите со различен противник.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Лигата на шампионите е зголемена на 36 клубови, а за разлика од порано, сите се натпреваруваат во иста лига.

Првите осум клуба одат директно во осминафиналето, а клубовите од 9. до 24. место играат за преостанатите осум места во нокаут фазата.

Клубовите од 24. до 36. место испаѓаат од Европа, односно не го продолжуваат натпреварувањето во Европската лига, како и поразените во баражот за влез во осминафиналето.

Можеби најтешката ждрепка во оваа сезона во Лигата на шампионите му припадна на францускиот шампион ПСЖ.

Францускиот шампион на домашен терен ќе игра со Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, ПСВ и Џирона, а на гости ќе игра против Баерн, Арсенал, РБ Салцбург и Штутгарт. На интернет се шири снимка од реакцијата на претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи, кој во неверување ги отвори очите на тешкото извлекување.

Nasser Al-Khelaïfi’s reaction to PSG’s draws for the Champions League
byu/oklolzzzzs insoccer
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сензација на повидок: Погба се враќа во Англија, познат е неговиот следен клуб!?

Францускиот фудбалер Пол Погба е во центарот на вниманието, откако се појави информација д…