Дома Топ вести ПСЖ го „краде“ Нико Вилијамс пред носот на Барселона

ПСЖ го „краде“ Нико Вилијамс пред носот на Барселона

ПСЖ сериозно се вклучи во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс, пренесуваат шпанските медиуми.

Вилијамс блескаше на Европското првенство и има откупна клаузула од 50 милиони евра, па Барселона важеше за голем фаворит за неговиот потпис.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Каталонскиот клуб веќе има договор со Вилијамс, но поради финансиски проблеми се уште не може да го комплетира трансферот.

ПСЖ сака да ја искористи такваа ситуација и да го „украде“ пред носот на Барселона.

„Светците“ немаат проблем веднаш да ја платат откупната клаузула, па сега Луис Енрике го убедува Шпанецот да ја прифати понудата и да се пресели во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…