Дома Луд Спорт Професорите лути на ѕвездата од Милан: „Место да учи, се журка на Ибица“

Професорите лути на ѕвездата од Милан: „Место да учи, се журка на Ибица“

Откако го продолжи договорот со Милан, младиот голман Џанлуиџи Донарума одлучи да се опушти на најомиленото место за журкање за младите луѓе, егзотичната Ибица. Но, заминувањето на островот на забавата од страна на 19-годишниот голман ги разлути професорите кои поради обврските за репрезентацијата до 21 година му излегоа во пресрет.

Донарума со заминувањето на Ибица посебно го навреди претседателот на комисијата за испити, професорот Форјо. Тој вели дека му дале повеќе време исклучиво поради репрезентативните обврски на Европското првенство за играчи до 21 година, но дека тој тоа го искористил за да се забавува на Ибица заедно со девојката.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ова однесување претставува сериозно рушење на почитувањето кон школото и другите ученици. Господинот Донарума доби повеќе време за учење. Министерството за образование така им излегува во пресрет на оние кои се занимаваат со спорт, а сакаат и да се образуваат. Барањето за дополнително време за учење беше оправдано со учеството на Европското првенство за играчи до 21 година. секако дека тоа му беше одобрено за да стигне со подготовката за испитот. Сепак, наместо да учи, тој замина на Ибица со својата девојка“, изјави Форјо.

Истиот испит го полагаа уште 57 ученици од кои некои, и покрај семејните проблеми, сепак се појавиле на полагање. Форји не наоѓа оправдуваењ за таквото однесување на голманот и смета дека со таа постапка им плукнал во лице на сите во школото.

„Очигледно мислеше дка може да излезе на крај со сите обврски. Можеше да се сети дека има испит еден ден откако замина на Ибица“, луто додаде професорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…