Дома Останати Продолжува припремањето на теренот – Мекгрегор одговори на провокацијата од Мејведер

Продолжува припремањето на теренот – Мекгрегор одговори на провокацијата од Мејведер

Се повеќе се зборува за нов меч помеѓу Флојд Мејведер и и Конор Мегрегор кој овој пат би требало да се случи во на терен на Ирецот, во октагон.

Како и пред една година, малку кој верува дека до борба навистина ќе дојде, а Мејведер и Мекгрегор прават се за да подигнат што повеќе „прашина“ и да го припремат теренот за големиот реванш.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Единствениот начин таа борба да се случи е Мејведер да дојде во октагон“ порача неодамна првиот човек на УФЦ, Ден Вајт. Боксерските и ММА инсајдер веќе некое време тврдат дека преговорите за влегување на Мејведер во кафез со Конор веќе се во тек.

Мејведер прво објави снимка на која се наоѓа во кафез сличен на УФЦ сакајќи да најави дека се припрема за своето ММА деби. Покрај тоа продолжи да го предизвикува Мекгрегор со објавите на друштвените мрежи, а Ирецот сега му одговори на свој начин.

Вчера со Мејведер уште еднаш со поигра со ММА шампионот објавувајќи монтажа на која покрај правиот ММА борец боксерскиот шампион со лакт го удира крвавиот Мекгрегор.

Конор брзо му одговори со вистинска фотогрфија од својата борба со Нат Диаз и напиша: „Вистински лакт во вистинска борба“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад…