Дома Македонски спорт Мак ракомет Продолжува корона хаосот во мак. ракомет: Нови 8 позитивни во Тинекс Пролет

Продолжува корона хаосот во мак. ракомет: Нови 8 позитивни во Тинекс Пролет

Утрово пристигна веста за двајца позитивни во Еурофарм Пелистер 2, а сега добиваме уште полоши вести – нови 8 позитивни во Тинекс Пролет.

Во вакви услови навистина не е јасно како може македонскио ракомет да се продолжи.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


“Ракометниот клуб Пролет ја известува јавноста за нови случаи на Covid-19 во нашиот играчки кадар. Позитивниот тест на Петар Ангелов, кој се наоѓа во самоизолација и е со благи симптоми, беше причина за тестирање на сите ракометари и членови на стручниот штаб на нашиот клуб.

Резултатите се разочарувачки, и покрај настојувањето за максимално почитување на мерките, дури осум членови на Пролет од тестираните се позитивни и веќе се ставени во самоизолација.

Тимот на Пролет не е во тренажен процес уште од позитивниот тест на Ангелов и сите ракометари ќе останат во изолација за да се заштитиме од дополнително ширење на коронавирусот“, објави од Тинекс Пролет.

Фото: Тинекс Пролет

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар ги пушти во продажба билетите за натпреварот од Лигата на Европа

Екипата на Вардар сезонава ќе се натпреварува во Лигата на Европа, а прв противник на тимо…