Дома Фудбал Германија Проблем за Баерн: Еден од најважните фудбалери го скинал мускулот

Проблем за Баерн: Еден од најважните фудбалери го скинал мускулот

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел се соочува со проблем на почетокот од сезоната.

Еден од најважните играчи во неговиот тим, одличниот Џамал Мусиала на еден од тренинзите ја скинал задната страна на мускулот на левата нога и неизвесно е колку време ќе паузира.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мусиала денес заминал на детални прегледи по кои ќе биде познато кога ќе може повторно да биде на располагање.

Покрај Мусиала, Тухел не може да смета и на дефанзивците Бенџамин Павард кој е болен и Рафаел Гереиро кој се опоравува од повредата на мускулот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…