Повеќе пати сме сведоци на неверојатни ситуации на фудбалските терени, а уште една таква е видена во Португалија.
Фудбалерите на Пењафел славеа против Оливеиренсе со 4:3, а она што го одбележа натпреварот беше одличен пресврт, како и голманот на домашниот тим Мануел Балде.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веќе во деветтата минута семафорот гласеше 0:3 за гостите, а споменатиот Балде беше клучниот виновник за сите три гола.
Кога велиме виновник, тоа го мислиме буквално, бидејќи со лошите реакции влијаеше на головите.
Тоа кулминираше во 12. минута, кога беше заменет, а веќе во следниот напад неговиот тим намали на 3:1.
Веќе во 18. минута беше 3:2, а потоа во 55. и 71. минута Пењафел оствари целосен пресврт.
Како изгледаше тоа, можете да видите во продолжение.
Manuel Baldé, guarda-redes do Penafiel, cometeu 3 erros que resultaram em golo em apenas 8 minutos.
— A Bancada (@bancadapt) August 11, 2024
Acabou por sair aos 12' e reconfortado pelo árbitro Tiago Martins e pelo treinador Hélder Cristovão.
O Penafiel ainda conseguiu a vitória por 4-3 aos 71' minutos 😳 pic.twitter.com/7B5ArINIuF