Дома Фудбал Италија Претседсателот на Наполи позитивен на Ковид, цел тим во изолација

Претседсателот на Наполи позитивен на Ковид, цел тим во изолација

Претседсателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е позитивен на коронавирус, а тоа може да му предизвика големи проблеми на клубот од Неапол.

Имено, Де Лаурентис не ги почитувал протоколите, па сега може скоро целиот тим на Наполи и тренеро Гатузо да завршат во изолација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Де Лаурентис имал симптоми, но и покрај тоа се решил да се состане со претседателите на останатите клубови од Серија А на вечера каде со некои имал и блиска средба.

Првиот човек на Наполи е на удар на јавноста затоа што и покрај тоа што имал симптоми и бил тестиран, се појавил на вечерата и на никого не кажал дека се тестирал за коронавирусот.

Де Лаурентис присуствувал и на тренингот на Наполи и имал близок контакт со тренерот Гатузо и поголем дел од играчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Пакувајте се и заминувајте“: Мареска отпиша шестмина фудбалер на Челси

Тренерот на Челси, Енцо Мареска, реши во зимскиот трансфер период да ја исчисти соблекувал…