Претседателот на ФИФА Џани Инфантино, е позитивен на Ковид-19, потврдија од таборот на Светската куќа на фудбалот.
Според информациите, тој се чувствува добро и наредните две недели ќе ги помине во изолација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од Светската фудбалска федерација соопштија дека сите кои биле со Инфантино во контакт минатите денови ќе бидат во самоизолација.
„Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино е заразен со коронавирус и денес доби позитивен тест. Тој пред десетина дена почувствувал благи симптоми и од тогаш е во самоизолација и ќе остане во карантин уште десетина дена. Сите луѓе кои имале контакт со него се известени и замолени да ги преземат потребните мерки. ФИФА на својот претседател му посакува брзо закрепнување“ стои во официјалното соопштение.