Дома Фудбал Претседателот на Ла Лига објави три датуми кога сезоната може да продолжи

Претседателот на Ла Лига објави три датуми кога сезоната може да продолжи

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас денес повторно се огласи и откри кога сезоната во Шпанија би можела да продолжи.

Ла Лига е прекината поради пандемијата со коронавирусот. Веќе некое време се шпекулира за тоа кога би можела да продолжи, но се уште официјална ифнроамција.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Сега претседателот на лигата, Хавиер Тебас изјави дека во најдобар случај фудбал во Шпанија повторно може да се игра на 28. мај. Освен што ги откри датумите тој порача и дека нема да се брза бидејќи здравјето е најважно.

„Имаме неколку сценарија, но се зависи од тоа како ситуацијата ќе се одвива. Имаме три датуми кога Ла Лига би можела да продолжи, а тоа се 28. мај, 6. јуни и 28. Јуни Не можеме да го кажеме точниот датум затоа што ништо не е официјално. Јасно е дека клубовите мораат да започнат со припреми, ни се надеваме дека на 26. април тоа ќе биде можно“, изјави Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Лука Модриќ се сели во Милано

Лука Модриќ на крајот на сезоната се прости со Реал Мадрид каде изгради легендарен статус,…