Дома Фудбал Претседателот на клубот не може да поверува колку Едгар Давидс е лош тренер: Катастрофа!

Претседателот на клубот не може да поверува колку Едгар Давидс е лош тренер: Катастрофа!

Легендарниот Холанѓанец Едгар Давидс не ги оправда очекувањата на португалскиот третолигаш Олханенсе.

Овој тим се надеваше на пласман во втората лига, а претседателот на клубот Луис Торес е разочаран што не ги остварија целите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Торес за неуспехот го обвини Давидс за кој кажува дека е катастрофален тренер и дека жали што го донел.

„Одлуката да го донесеме Давидс беше катастрофална. Се сомневав во неговите способности, но за жал немавме премногу опции.“ – рече претседателот на клубот и додаде:

„Давидс никако не можеше да се поврзе со екипата и да креира свој идентитет на игра. Катастрофа.“

Се уште не е познато дали Давидс ќе ја продолжи кариерата во овој клуб или ќе добие отказ.

Давидс претходно во кариерата работеше како менаџер во англискиот нисколигаш Барнер каде и ја заврши фудбалската кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Ме сметаа за едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата, а сега сум безвреден?“

Настапите на бразилскиот играч за врска Касемиро во Манчестер Јунајтед се под знак прашалн…