Никола Калиниќ овие денови се наоѓа во Мадрид со цел да ги заврши сите потребни формалности, а тука пред се мислиме на лекарските прегледи.
Договор е постигнат, познатата е и висината на оштетата на хрватскиот напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се е познато, се се знае, но Никола Калиниќ се уште не е официјално нов фудбалер на тимот на Диего Симеоне. Една работа го кочи трансферот.
Тоа е трансферот на Кевин Гамеиро во Валенсија и тоа практично беше решено, но се појавија проблем и додека Атлетико не се ослбоди од Гамеиро, Калиниќ нема да стави потпис на договор со „јорганџиите“.
Проблемот со Гамеиро се појави околу бонусите. Основниот трансфер изнесуваше 16 милиони евра и тука не е ништо спорно, но не можат да се договорат околу дополнителите ставки.
Францускиот фудбалер не беше дел од пријателскиот натпревар против Каљари кој Атлетико вчера го доби со 1:0, но и понатаму се наоѓа на платениот список на Атлетико.