Дома Трансфер зона Пресврт: Муриел доаѓа во Серија А, но НЕ во Милан!

Пресврт: Муриел доаѓа во Серија А, но НЕ во Милан!

Веќе подолго време медиумите најавуваа дека Луис Муриел во јануари ќе го засили тимот на Милан, но на крајот се случи голем пресврт.

Имено, напаѓачот на Севиља ќе се врати во Серија А, но не во дресот на Милан, туку ќе потпише за Фиоренатина.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Севиља сака да соработува со Милан, зашто двата клуба се во одлични односи, но Муриел веќе се договорил со Фиорентина.

„Виолетовите“ во меѓувреме ја израмниле понудата на „росонерите“, позајмица со право на откуп за 13,5 милиони евра, па се очекува Колумбиецот во следните денови да пристигне на прегледи во Фиренца.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан ќе се насочи кон друг напаѓач и веќе спрема понуда за Де Паул од Удинезе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…