Дома Македонски спорт Мак фудбал Преноси во живо и брендирање на стадионите за поголема видливост: ФФМ претстави план за Првата женска лига

Преноси во живо и брендирање на стадионите за поголема видливост: ФФМ претстави план за Првата женска лига

Промоцијата на женскиот фудбал е една од клучните вредности за зголемување и промоција на родовата еднаквост во спортот. Вложувањето во развојот на фудбалска женска лига не само што го истакнува талентот и посветеноста на фудбалерките, туку и испраќа моќна порака за инклузивноста и можностите во женскиот фудбал и спортот воопшто. 

Фудбалската федерација на Македонија и Комисијата за женски фудбал денеска во „Куќа на фудбалот“ ја претставија идејата за брендирање и препознатливост на Прва женска фудбалска лига. 


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со ефективно брендирање на лигата, можеме да инспирираме повеќе девојки да учествуваат во фудбалот, а преку изградба на силен бренд за елитното женско натпреварување ќе обезбедиме подобра видливост на женскиот фудбал, ќе ја подобриме свеста и ќе им помогнеме на играчите, клубовите и сите директно вклучени да се гордеат да бидат дел од такво натпреварување.

Динамичниот бренд е осмислен да ги отсликува вредностите на женскиот фудбал: ИНСПИРАЦИЈА, ЈАКНУВАЊЕ, ХРАБРОСТ, ЛИДЕРСТВО, ЕДНАКВОСТ и ГОРДОСТ. 

Дизајн кој е конзистентен со брендовите на ФФМ, лесен за паметење и репродукција. Новиот бренд на Првата женска фудбалска лига ги отсликува:

НАШАТА ВИЗИЈА: Да го воспоставиме фудбалот како спорт број еден за жени и девојчиња во Македонија;

НАШАТА МИСИЈА: Да обезбедиме можности и иновации, со што секое девојче, девојка и жена ќе можат да уживаат, да се развиваат и да остваруваат резултати; 

„Фудбалската федерација на Македонија во 2021 година за прв пат усвои стратегија за Женски фудбал. Првиот столб на стратегијата е Видливост и Перцепција. Низ истражувањата кои ги спроведовме подготвувајќи ја стратегијата беше утврдено дека женскиот фудбал во Македонија има потреба од поголема препознаеност и видливост и тоа во сите свои сегменти, од лиги до национални тимови. 

Овој проект за брендирање на Првата женска фудбалска лига се однесува токму на зголемувањето на видливоста и препознатливоста на натпреварувањето кое од година в година се повеќе се развива. Искрено се надеваме дека овој прв чекор ќе придонесе кон поголема популаризација и развој на женските натпреварувања во иднина, изјавипотпретседателот на ФФМ, Лазар Ракиџиев. 

Брендирање на Прва ЖФЛ.pdf 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…