Милан пред три дена одигра натпревар против Бодо во квалификациите за Лигата на Европа и се „заљуби“ во ѕвездата на норвешкиот тим.
Станува збор за младиот крилен напаѓач, Јенс Петер Хауге. Хауге беше асистент на првиот гол и го постигна вториот со одличен удар од далечина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веднаш после натпреварот започнал преговори со Бодо за трансфер на 20-годишниот напаѓач.
Хауге оваа сезона на 20 меча постигна 17 гола и запиша 11 асисатенции, па е вистинска атракција во норвешкото првенство.
За него интерес покажуваат и други европски гиганти, но Милан е во пол-позиција и се очекува утре да го комплетира трансферот.
„Скај Италија“ пренесува дека италијанскиот гигант за потписот на Норвежанецот ќе плати 4 милиони евра плус бонуси.