Дома Најава Предизвик за издржливост, CAT S31 – незапирлив на секој терен!

Предизвик за издржливост, CAT S31 – незапирлив на секој терен!

Создаден за оние со поинакво секојдневие, CАТ S31 е модел кој ќе ги совлада екстремните временски предизвици и нема да ве изневери, каде и да сте!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Издржлив

Издржлив на тест на бетонски пад, од импресивна висина од 1,8м, овој модел совршено се вклопува во секојдневието на оние со динамично темпо. Издржливоста на батеријата со капацитет од 4000mAh и простор за зачувување на податоци до 128GB гарантира непречено одвивање на работата, особено за теренски работи кои се временски непредвидливи и надвор од контролирана средина. Сертифициран со највисоките стандарди за издржливост, MIL SPEC 810G и IP68, овој модел е отпорен на вода и прашина, а со својата цврстина ги предизвикува и останатите производители на пазарот.

Водоотпорен

Со основна HD камера од 8MP и блиц, Cat S31 овозможува живописни фотографии, дури и под вода. Водоотпорен е дури до 35 минути на 1.2м длабочина и погоден за средина која е изложена на влага или неприродни услови, на високи или ниски температури.

Практичен

Со 4.7-инчен HD екран, отпорен на гребнатинки и со видливост и при директна сончева светлина, може да се користи и додека носите ракавици или пак рацете ви се мокри. Мулти-фукционалното копче на самиот телефон ќе ви помогне лесно да одговорите на секој повик (Push to Talk) или да ја вклучите камерата. Затоа се вели дека овој модел е практичното решение на пазарот за мобилни телефони, со додатоци наменети за лесно функционирање.

Во целост, CAT S31 претставува совршена комбинација од истрајност, перформанси и дизајн што го прави посебно интересен за сите кои се активни и се постојано во движење! Уживајте во динамиката на Вашиот ден со CAT S31, достапен ексклузивно во Vip.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

Баерн – Лајпциг, најголема квота на свет 1,55 – Mozzart

Никаде на планетата нема да најдете поголеми квоти и на ПСЖ, Ајакс, Партизан, Бенфика, Лив…