Раководството на Челзи е уверено дека ќе успее да го привлече Рахим Стирлинг од Манчестер Сити, пренесуваат медиумите на Островот.
Договорот на Стерлинг истекува следното лето, а преговорите за продолжување на соработката се во застој. Тој го изгуби местото помеѓу стартерите кај Гвардиола, јавно го изрази своето незадоволство размислува да си замине од „Етихад“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сити нема намера да дозволи Стерлинг да замине како слободен агент и поради тоа е спремен да го продаде ова лето, а најсериозен интерес покажува Челзи.
Двата клуба започнаа преговори и Сити ја одби првата понуда од „сините“ од 25 милиони фунти.
Челзи се надева дека наскоро двата клуба ќе најдат заеднички јазик за трансферот и дека ќе се реализира за 40 милиони фунти.
Стирлинг е во Манчестер Сити веќе седум сезони во кои постигна 131 гол на 339 натпревари, а Тухел верува дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.