Денес со натпреварот помеѓу Работнички и Ренова беше отворено 16. коло во првата македонска фудбалска лига кој на крајот завршио со најнепопуларниот резултат.
Работнички пред овој натпревар беше повеќе од 300 минути без постигнат гол, а новиот тренер Борче Христов забележа два порази на претходните натпревари. Голгетерската криза на Работнички продолжи и денес, меѓутоа ако е за утеха „романтичарите“ освоија барем бод одигрувајќи 0:0 со гостите од Тетово.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гледавме натпревар со добар фудбал, меѓутоа изостана реализацијата и на двете страни.
Со ова реми Работнички ќе остане на осмата позиција со 19 освоени бодови, Скопје е зад нив со 17. Во случај Скопје утре да приреди изненадување против Шкупи „романтичарите“ ќе паднат во „опасната“ зона. Ренова од друга страна е четврта (26) со бод помалку од Шкендија, а бод повеќе од Брегалница.