Дома Трансфер зона Прво заминување од „Олд Трафорд“: Манчестер Јунајтед продаде играч во Бундеслигата

Прво заминување од „Олд Трафорд“: Манчестер Јунајтед продаде играч во Бундеслигата

Првото заминување од Манчестер Јунајтед оваа зима е договорено.

Холандскиот десен бек Тимоти Фосу Менса го напушта „Олд Трафорд“ и се сели во Бундеслигата. „Црвените ѓаволија“ ја прифатија понудата за овој фудбалер од Леверкузен вредна два милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Оваа мала оштета не треба да чуди затоа што Менса влезе во последните шест месеци од договорот и ја одби понудата на Манчестер Јунајтед да го продолжи договорот. Тој сакаше нова средина каде што ќе има повеќе простор за игра.

Леверкузен беше најконкретен и на крајот успеа да го договори трансферот. Останува само уште Менса да договори ситни детали околу личните услови со „Фармацевите“. За него покрај Јунајтед интерес покажаа Херта и Ајакс.

Холанѓанецот во Манчестер Јунајтед дојде како 16 годишник и дебитираше под водство на Луис Ван Гал. Со заминувањето на неговиот сонародник ја изгуби и поддршката во Јунајтед, подоцна клубот го испраќаше на позајмица во Кристал Палас и Фулам. Оваа сезона се врати во Јунајтед, но од Солскјер доби вкупно 30 минути.

Фосу Менса е првиот фудбалер во низата кој ќе го напуштат Јунајтед оваа зима. Следен би требало да биде Одион Игало на кого му истекува позајмицата од Кина и таа нема да биде продолжена, на излезни врати се и Маркус Рохо и Серхио Ромеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…