Дома Фудбал Останато Прво ги „измами“, а сега ги моли да го купат

Прво ги „измами“, а сега ги моли да го купат

Францускиот напаѓач, Антоан Гризман минатото лето беше на чекор до трансфер во Барселона, но на крајот одлучи да остане во Атлетико Мадрид.

Сагата околу трансферот на Гризман во Барселона траеше неколку недели и изгледаше дека Французинот кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Иако се зборуваше дека тогаш преговорите се пред самиот крај, од тоа не се случи ништо, бидејќи Гризман соопшти дека останува во Атлетико Мадрид. Меѓутоа, изгледа дека се покаја, барем ако може да веруваме на шпанските медиуми.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Угледниот „Мундо Депортиво“ на насловната страна денеска објави дека Гризман жали и дека ќе даде се од себе за повторно да го привлече интересот и на крајот да се пресели во овој клуб. Наводно, тој на своите агенти им кажал повторно да стапат во конракт со Барселона и да им даде до знаење дека сакаат да се преселат во овој тим. Доколку Барса одлучи да го доведе, овој трансфер би можел да чини околу 120 милиони евра.

Сепак, каталонскиот клуб не сака така да го заборави „предавството“ на Гризман од минатото лето и јасно му дале до знаење дека прва цел ќе им биде Лука Јовиќ, а дека Французинот би го доведеле само во случај да пропадне трансферот на српскиот напаѓач.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…