Дома Трансфер зона Првото засилување на Јунајтед утре пристигнува на прегледи!

Првото засилување на Јунајтед утре пристигнува на прегледи!

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед го договори првото засилување, а станува збор за играчот за врска на Шахтјор, Бразилецот Фред.

25-годишниот фудбалер во моментов се наоѓа во Англија заедно со бразилската репрезентација, која вечерва ќе игра пријателски меч со Хрватска.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По дуелот Фред ќе отпатува за Манчестер, за да ги помине медицинските тестови, по што ќе го потпише четиригодишен договор.

Украинскиот шампион Шахтјор ќе добие 50 милиони евра, а целиот трансфер со бонуси може да достигне до 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…