Дома Фудбал Германија Шок за Сенегал: Садио Мане го пропушта Мундијалот!?

Шок за Сенегал: Садио Мане го пропушта Мундијалот!?

Фудбалерот на Баерн Минхен Садио Мане вчера против Вердер се повреди уште во 18. минута и предвреме го заврши натпреварот.

Повредата на Мане го загрижи и селекторот на Сенегал затоа што до почетокот на Светското првенство има само уште 10 дена, а Мане е најдобриот играч на репрезентацијата и некој од кого најмногу се очекува.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Помошникот тренер на Баерн, Дино Топмолер вчера изјави дека не станувало збор за некоја сериозна повреда.

„Мане доби удар во ногата и тоа предизвика благо пореметување на нервот. Не е сериозно и не треба да биде доведен во прашање неговиот настап на Светското првенство“, изјави Топмолер.

Но денес информациите се поинакви. Реномираниот „Л’Eкип“ тврди дека Сенегалецот сепак имал посериозна повреда и ќе го пропушти Светското првенство. Ова секако би било огромен удар за репрезентацијата која го освои Африканскиот Куп на Нации

Сенегал првиот натпревар го игра на 21. ноември против репрезентацијата на Холандија, во нивната група се уште Катар и Еквадор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Данска покажа „заби“, но Германија се пласираше во четвртфиналето 🎥

Германија со истиот резултат како и Швајцарија претходно против Италија (2:0) славеше побе…