Дома Останати Авто Мото Прва пол позиција за Луис Хамилтон на „Сузука“ во Јапонија!

Прва пол позиција за Луис Хамилтон на „Сузука“ во Јапонија!

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на трката во Формула 1 за големата награда на Јапонија која во недела се вози на стазата „Сузука“.

Хамилтон во квалификациите имаше најдобро време, а веднаш зад него беше неговиот клупски колега Валери Ботас.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


За Хамилтон ова е 71 пол позиција во кариерата, но зачудувачки е фактот што е негова прва во трката за Големата награда на Јапонија.

Од вториот ред ќе стартуваат Себастијан Фетел (Ферари) и Даниел Рикардо (Ред Бул). Пред трката во Јапнија Хамилтон води во генералниот пласман со 281 бод, пред Фетел кој има 241 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Погледнете ја неверојатната трка на 16-годишното момче. Коментаторот: Дами и господа, ова е историја

Австралискиот тинејџер Гут (16) трчаше 100 метри за 10,04 секунди и победи на атлетското п…