Вардар и ППД Загреб ќе играат во големото финале на СЕХА-лигата. Ова е епилогот од денешните полуфиналиња, на кои славеа екипите на Вардар и Загреб.

Во второто полуфинале во вечерниот термин, ППД Загреб славеше во дуелот со екипата на Целје П.Л. И тука заслужен триумф за хрвататите, со оглед дека имаа водство од првата минута на мечот. Поведоа со 2:0, за својот прв гол, шампионот на Словенија да го постигне во петтата минута, за намалување на 2:1. Следеше период кога двете екипи постигнаа во серија по два гола, за резултат 4:3, по што следеше лош период за словенците, кога не успеаа цели седум минути да постигнат гол, напротив Загреб кој направи серија од 4:0 и поведе со 7:3. Гледавме натпревар со мал број на постигнати голови, а за да биде поинтересен мечот, Целје успева да ја смали негативата на само еден погодок (11:10) во 24 минута. До крајот на првиот дел нова серија од 3:1 за избраниците на Сарачевиќ, кои на одмор одат со позитива од три голови (14:11).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ниту во второто полувреме не видовме ништо од екипата на Целје, која постојано бркаше негатива, која во 38 минута достигна највисоки пет голови разлика (18:13). Се што успеаа избраниците на Бранко Тамше е да се доближат на три гола разлика (21:18) на 15 минути до крајот на мечот. Мачковшек донесе неизвесност кога на три минути пред крај намали на 27:25, како и во последната минута од дуелот, кога резултатот на семафорот гласеше 28:27. Сепак Павловиќ постигна гол и го постави конечниот резултат од 29:27.

Најефикасен кај победникот бешее Павловиќ со 7 голови, додека кај Целје се истакна Мачковшек со 6 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…