Скоро 15 години Нури Сахин официјално беше најмладиот стрелец на гол во Бундеслигата – до вчера!
Вчера Баер на свој терен изгуби од Баерн и не успеа да го избегне поразот од фаворитот. Баварците славеа со резултат 2:4. „Аптекарите“ рано поведоа, но тоа само го разулти Баерн кој додаде гас и со головитен а Коман, Горецка, Гнабри и Левандовски стигна до триумф.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Баер во самиот финиш го ублажи поразот кога младиот Флоријан Вирц постигна гол. Со тој гол во 89. минута Флоријан се запиша во историјата. Имено, Вирц стана најмладиот стрелец на гол во Бундеслигата во историјата.
Талентираниот плејмејкер постави нов рекорд со 17 години и 34 дена.
Така го собори рекородт кој во 2005 година го постави Нури Сахин кој постигна гол за Борусија со 17 години и два месеци.