Македонија и Фарските Острови одиграа исклучително израмнет и драматичен полуфинален натпревар, кој нашите младинци го решија по изведувањето на седмерците. Со тоа на идентичен начин им вратија на репрезентативците на Фарските Острови за поразот на нашите кадети пред две години.

Денеска се водеше жестока битка, меѓу две израмнети селекции и две идентични желби за пласман во големото финале. Во текот на првите 30 минути, само еднаш и токму Македонија имаше предност од два гола, во останатото време противниците се менуваа во минимално водство. Првото полувреме го добивме со резултат 13:12.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вториот дел Македонија го диктираше темпото и ги користеше грешките на противникот. Постепено, нашите репрезентативци резултатски се одлепија и во последната четвртина влегоа со денеска највисока предност од пет гола, 21:16. Кога очекувавме мирна завршница и рутинска одбрана на високата предност, нашите младинци влегоа во серија грешки, која доведе до вистинска драма на крајот на средбата. На три минути до крајот имавме предност од два гола и напад, на две минути до крајот предност од еден гол и напад, а во последната минута напад за сигурна победа. Не искористивме ниту една од овие шанси и му дозволивме на противникот да го израмни резултатот на само три секунди до крајот.

Потоа тргна пенал-рулетот, во кој се победува со еден удар или со една одбрана на голманот. Токму тоа и се случи. Шилегов, Димитриоски и Серафимов ги реализираа своите удари, а Кизиќ успеа да го одбрани ударот на Олсен. Откако Мортенсен во четвртата серија шутна изнад голот, а Петровски го погоди голот…стана јасно дека Македонија утре ќе игра во финалето.

Нашиот утрешен противник е селекцијата на Белорусија, веројатно најсилниот противник кој можеме да го имаме на ова првенство. Македонија утре, со почеток во 20 часот, ќе се обиде да ја мине и оваа пречка и да се избори за пласман во дивизија “А“, каде и ни е местото.

Фарски Острови – Македонија  25:27 (23:23, 12:13, 2:4)

Македонија: Петковски, Кизиќ, Шилегов 9, Димитриоски 7, Јагуриновски 4, Танкоски 2, Арсеновски 1, Кукуловски 1, Мишевски 1, Петровски 1, Серафимов 1, Андонов, Атанасовски, Димитровски, Костески и Стојановски.   Седмерци: 4/5.   Исклучувања: 10 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …