Српскиот стратег ќе мора да се врати во болницата.
Борбата на Синиша Михајловиќ продолжува. На стратегот на Болоња откриена му беше леукемија пред почетокот на сезоната. Миха ја одработи првата фаза од хемотерапијата, а набрзо ќе мора да ја започне и втората фаза.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Овој пат терапијата ќе трае 40 дена што значи дека во тој период Михајловиќ сигурно нема да биде на клупата на Болоња. Како и претходно Михајловиќ натпреварите и тренинзите ќе ги следи преку видео линк и констатно ќе биде во комуникација со стручниот штаб.
Враќањето на Михајловиќ на клупата би требало да се случи после наредната интернационална пауза, кон половина на октомври.