Дома Фудбал Италија Почина легендата на италијанскиот фудбал – Луиџи Рива

Почина легендата на италијанскиот фудбал – Луиџи Рива

На 79-годишна возраст почина Луиџи Рива, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Италија.

Рива ќе остане запаметен по неговите настапи за Каљари од 1963 до 1976 година, но и како најдобар стрелец во дресот на италијанската репрезентација.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Минатата недела Рива беше подложен на серија медицински тестови откако беше пренесен во болница во Сардинија. Лекарските прегледи покажаа дека ќе треба да оди на операција на срцето во наредните денови, но поранешниот фудбалер не издржа.

Рива во својата кариера настапи на 374 натпревари за Каљари, а притоа постигна 205 голови, додека во дресот на Италија стана најдобар стрелец со 35 погодоци на 42 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алегри ја премина секоја граница – тренерот на Милан пред жестока суспензија?

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, може да добие жестока суспензија поради навреди на…