Дома Македонски спорт Мак баскет Почина еден најдобрите македонски кошаркарски тренери во млади категории

Почина еден најдобрите македонски кошаркарски тренери во млади категории

Еден од најпознатите и најтрофејни тренери во делот на млади категории во земјава, Драган Василов, почина вече вечер, на 64. годишна возраст.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Популарниот Цевка над три децении, со мали прекини, работеше како тренер на млади играчи, низ неговите раце поминаа бројни познати кошаркари и македонски репрезентативци, пред сè од школата на Работнички, како Перо Антиќ, Емил Рајковиќ, Ѓорѓи Чековски, Александар Јончевски, а во младинските селекции и Димитар Мираковски, Златко Гоцевски, Александар Антиќ, Кирил Павловски…

Во 1999 година беше селектор на кадетската репрезентација на Македонија која го освои шестото место на Европското првенство во Словенија што досега е втор најдобар пласман на една македонската младинска селекција, по четвртото место во 1995 година.

По заминувањето од Работнички, работеше во уште неколку клубови како Торус СЦБТ, Партизан Водно Санс, Јуниор и Феникс 2010.

Смртта го затекна како претседател на Тренерската комисија при Кошаркарската федерација и еден од лидерите на младинскиот камп кој се одржуваше во Маврово, во ко-организација на КФСМ и ФИБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…