Фудбалерите на Јувентус вчера ремизираа 4:4 против Интер на „Џузепе Меаца“ во „Дербито на Италија“.
„Старата дама“ двапати бркаше негатива. Прво по пеналот кој Пјотр Зјелински го претвори во гол, а откако израмни Душан Влаховиќ и реализираше Тимоти Веа, Интер повторно поведе со головите на Хенрих Михтарјан и повторно Зјлеснки.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога Дензел Дамфрис погоди за 4:2 во 53-та, изгледаше дека Јувентус нема да може да се врати, но Кенан Јилдиз по влегувањето во игра постигна два гола и обезбеди реми за својот тим.
Поранешниот фудбалер на Јувентус, Алесио Такинарди го истакна потегот на тренерот Мота да го замени Душан Влаховиќ.
„Јувентус има тренер со јаснен карактер. Често го менува составот, игра со оние кои се целосно фит и ги одмора оние кои се. Сега покажа храброст да го замени Влаховиќ кога неговиот тим имаше негатива и навистина сум импресиониран. “, изјави Такинарди.