Дома Фудбал Англија Потпишува до крајот на неделата – Патрик Клајверт ќе води клуб во Англија!

Потпишува до крајот на неделата – Патрик Клајверт ќе води клуб во Англија!

Поранешниот напаѓач на Барселона Патрик Клајверт наскоро би требало да започне со тренерска работа.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Клајверт постигнал вербален договор со Оксфорд Јунајтед кој се натпреварува во третото по ранг натпреварување во Англија и наскоро би требало да седне на клупата.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Екипата на Оксфорд во овој момент се наоѓа на 16 позиција во Лига 1 без шанси да се најде во баражот, а Холанѓанецот би требало договорот да го потпише до крајот на оваа недела.

Да потсетиме, Клајверт после завршувањето на фудбалската кариера работеше како помошник во репрезентацијата на Холандија, а исто така ја извршуваше и функцијата спортски директор во ПСЖ.

Како фудбалер го носеше дресот на Ајакс, Милан, Барселона, Њукасл, Валенсија, ПСВ и Лил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мaреска во проблеми поради повреда на ѕвезда која ќе пропушти голем дел од сезоната

Нешто повеќе од седум дена пред почетокот на новата сезона во Премиерлигата, дојдоа многу …