Џастин Клајверт, холандскиот напаѓач ја напушти Рома и кариерата ќе ја продолжи во редовите на англискиот премиерлигаш Бормут.
Синот на поранешниот ас, Патрик Клајверт според медиумите на Островот се преселил за Премиер лигата за сума од 12.2 милиони долари оштета. Клајверт од 2018 година беше член на Рома, но последните три сезони ги помина на позајмици во Лајпциг, Ница и Валенсија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Џастин е одличен напаѓач кој има чувство за гол. Брз е, директен и може да се пофали со одлични технички способности. Го бараа бројни клубови, среќни сме што трансферот се реализираше“, изјави Нил Блејк, извршниот директор на Бормут.
Клајверт на новата екипа ќе и се приклучи на почетокот на предсезоната на почетокот на следниот месец и со екипата ќе патува на припреми во Марбеља. Бормут изминатата сезона ја заврши на 15-тата позиција во англиското првенство.
Here he is…
— AFC Bournemouth 🍒 (@afcbournemouth) June 23, 2023
UP THE CHERRIES 🍒 pic.twitter.com/IoIuyovuDw