Дома Фудбал Англија Потоп на „Енфилд“: Ливерпул со лекција по модерен фудбал го посрамоти Арсенал (Видео)

Потоп на „Енфилд“: Ливерпул со лекција по модерен фудбал го посрамоти Арсенал (Видео)

Во рамки на дербито на третото коло во ПЛ, на „Енфилд“, Ливерпул го сруши Арсенал со 4:0.

Во текот на целиот меч, Ливерпул несомнено доминираше на теренот, а тоа резултираше со по два погодоци во обете полувремиња.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Арсенал не можеше да биде имун на налетот на „Црвените“, па по неколку сериозни шанси, домашните го отворија резултатот во  17. минута со погодокот на Фимирно кој впрочем без сомнеж беше и човекот на мечот.  Садио Мане во 42. минута само ја потврди доминацијата на Ливерпул и го постави резултатот 2:0 на полувремето од мечот.

Ништо поразлично и по влегувањето на Кокелан во вториот дел за „Топчиите“, истата игра, истата несигурност..

Налетот на Ливерпул продолжи, шансите повеќе и не се броеа, а третиот погодок пристигна во 57. минута зад кој се запиша Салах. По уште една сериозна можност за домашните, Белерин во една ситуација успеа да избегне четврти погодок за неговиот тим, но не за долго. Во продолжени, и повеќе од доцна во игра влезе францускиот тандем од клупата на Венгер, Лаказет- Жиру, па не успеаа да придонесат во негаков резултатски надоместок.  Четвртиот погодок беше дело на Стариџ во 77. минута.

По три одиграни кола, Арсенал бележи само три бода благодарение на победата од првото коло против Лестер.  За потсетување, ова е втор во низа пораз за „Топчиите“ на гостински терен сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегаш…