Дома Фудбал Останато Потврди неговиот сонародник: Нејмар жали за Барселона!

Потврди неговиот сонародник: Нејмар жали за Барселона!

Бразилскиот фудбалер Нејмар стана најскапиот играч во светот кога ја напушти Барселона и за сума од 222 милиони евра се пресели во редовите на Пари Сен Жермен во 2017 година.

Нејмар ја напушти Барселона со цел да излезе од сенката на Лионел Меси и во Париз да стане најдобар фудбалер во светот, но засега работите не одат онака како што планираше Бразилецот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во ПСЖ веќе две сезони во низа Нејмар е повреден во веројатно најважниот дел за тимот кога се играат натпреварите од нокаут фазата во Лигата на шампионите која е и главна цел на „светците“ уште од кога Бразилецот пристигна. Многумина ќе кажат и дека сега Нејмар падна во сенка и на Килијан Мбапе.

Често пати во медиумите се пишуваше дека Нејмар жали за заминувањето од Барселона и дека има желба да се врати во Каталонија, а сега дека навистина Бразилецот сфатил дека направил грешка кога ја напуштил Барса и преминал во ПСЖ потврди неговиот сонародник, легендарниот напаѓач Адријано.

Адријано откри дека со Нејмар разговарал пред три недели и тој му кажал дека жали за одлуката да премине во Париз.

„Нејмар и јас разговаравме пред три недели. Секој кој ќе ја напушти Барселона зажалува поради таквата одлука. Кај Нејмар тоа чуства е многу силно изразено“, изјави Адријано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…