Стигна потврда дека постојат реални шанси да ги гледаме Кабиб и Конор повторно во октагон.
Првиот човек на УФЦ, Дајна Вајт изјави дека реваншот зависи само од нив двајца и дека до него не дели само победа на двајцата борци во следните нивни борби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Конор после година ипол се враќа и ќе се бори против Доналд Серон, додека во април Кабиб закажа борба за титулата со Тони Фергусон.
Ако двајцата победат, ќе гледаме нова нивна борба.
„Ако Конор го победи Серон, а Кабиб Тони ќе гледаме реванш помеѓу нив двајца“, потврди Вајт.
Ќе потсетиме Кабиб во 2018 година го победи Конор така што го принуди да се предаде во четвртата рунда.