Дома Фудбал Останато Потврда стигна: Усаин Болт ја заврши својата авантура во Австралија

Потврда стигна: Усаин Болт ја заврши својата авантура во Австралија

Aвстралиската фудбалска авантура на најбрзиот човек на светот, Усаин Болт (32) заврши уште пред и официјално да започне.

Од управата на Централ Кост Маринерс порачаа дека преговорите за договор со поранешниот спринтер пропаднале. Австралискиот клуб потврди дека на Болт му бил понуден договор, но тој не бил задоволен од финансиските услови.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бројки не се откриваат, но според информациите на медиумите во Австралија Болт барал договор вреден 1.8 милиони евра, додека клубот бил спремен да плати 95.000 евра.

Сопственикот на клубот Мајк Чарлсворт истакна дека Маринерси биле воодушевени што имале прилика да соработуваат со популарниот спортист.

„И покрај тоа што не постигнавме договор за соработка, воодушевени сме што олимпискиот шампион и светски рекордер беше дел од нашиот тим во изминатите осум недели“, изјави првиот човек на клубот.

Се огласи и Болт.

„Сакам да се заблагодарам на клубот, менаџментот, играчите и навивачите кои одлично ме прифатија. На клубот му посакувам успех во продолжение од сезоната“, порача Болт кој во пријателски натпревар успеа да постигне два погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…