Романскиот претставник во Челинџ-купот, екипата на Потаиса Турда е овогодишен освојувач на ова трето по квалитет европско натпреварување. Во финалето е поразена екипата на АЕК од Грција.
Сите дилеми романскиот претставник ги реши уште на првата средба, на свој паркет. Тој натпревар заврши со триумф на Потаиса, со резултат 33:22 (14:11).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Реванш средбата се одигра во Атина и заврши со пирова победа на АЕК, кој славеше со резултат 27:26 (11:18).
Од трите натпреварувања под капата на ЕХФ остана незавршена уште Лигата на шампионите, чиј фајналфор се игра овој викенд.