Според информациите на германскиот „Кикер“, македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов и дефинитивно ќе се врати во Шалке.
Како што се најавува, Шалке и Барнли се договориле за позајмица на Чурлинов до јуни, а германскиот тим ќе има можност за откуп на договорот за сума од 2.5 милиони евра. Тимот од Премиер лигата нема да прави проблеми и се очекува Чурлинов денеска да пристигне на медицински прегледи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За Чурлинов епизодата во Англија се покажа како неуспешна, меѓутоа секако влијание имаше и болеста поради која долго време беше надвор од терените.
Македонскиот репрезентативец токму во Шалке играше во одлична форма, па ова секако е добра одново да го покаже својот квалитет.