Интер и Челзи постигнаа комплетен договор за враќање на Ромелу Лукаку на „Џузепе Меаца“, потврди „Скај Италија“.
Лукаку после лошата сезона на „Стенфорд Бриџ“ и недоразбирањата со тренерот Тухел инсистира да се врати во Интер, а Челзи се согласи да го пушти на позајмица.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба постигнале договор и Интер ќе плати 8 милиони евра плус 2 милиони како бонуси и додатни 3 милиони евра ако го освои Скудетото.
Лукаку утре или најдоцна во четврток ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи и следната сезона ќе игра за Интер, а во договорот нема вклучено опција за откуп.
Inter are closing on Romelu Lukaku deal with Chelsea. €8m loan fee plus add ons proposal set to be accepted, final details are being discussed right now. Deal almost done. 🚨🔵 #CFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 21, 2022
Paperworks are being prepared with NO buy obligation or option clause. #Inter @MatteoBarzaghi pic.twitter.com/05apmUVmho