Еурофарм Пелистер продолжува со засилувањата и откако вчера беше објавено дека потпишале со 27-годишниот лев бек Руди Сери, денес е потврдена соработката со Португалецот Вилсон Дејвис.
Дејвис со битолоскиот клуб потпиша договор на две години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Португалскиот среден бек Вилсон Дејвис е нов ракометар на Еурофарм Пелистер. Искусниот 33-годишен ракометар потпиша двегодишен договор со нашиот клуб, почнувајќи од сезоната 2022/23. Се работи за ракометар со огромно искуство во францускиот ракометен шампионат, каде што настапува од 2014 година. Дејвис во Битола доаѓа од Иври, а претходно ги носеше дресовите на Нант, Сесон Рен и Данкерк.
На почетокот на кариерата Дејвис настапуваше за Спортинг, Ковадонга и Порто. Новиот среден бек на Еурофарм Пелистер е роден победник, шест пати бил првак на Португалија, освојувач на Суперкупот на Португалија со Порто, а го освои и Лига Купот на Франција со Нант.
За португалската репрезентација настапуваше цела една деценија, почнувајќи од 2009 година. Дејвис е висок 192 сантиметри, тежок 95 килограми и ќе биде вториот Португалец во историјата на Еурофарм Пелистер, по Серхио Барош. Официјалното претставување на Вилсон Дејвис е предвидено за почетокот на сезоната 2022/23“, соопштија од таборот на пелистерци.