Тоа што беше незамисливо за фудбалската јавност во Португалија сега е факт, откако се појавија барања Кристиано Роналдо да биде изваден од стартниот тим.




Ова денес на насловната страна го предлага најеминентниот спортски весник во Португалија, „А Бола“.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Помалку Роналдо, повеќе Португалија“, пишува весникот и ја анализира улогата на Роналдо, која не е повеќе толку важна и дека тој го загубил големото влијание врз соиграчите.




Весникот предлава Роналдо да биде седнат на клупа во денешниот дерби натпревар со Шпанија во Лигата на нации.
